Продажба · Склопување · Сервис

Склопени рачно. Тестирани 24 часа.

Секој компјутер што го склопуваме работи цел ден под полно оптоварување пред да дојде на продажба. Тука ги објавуваме со вистински слики, делови и резултат од тестот. Купувањето е во продавница, без онлајн нарачки.

iFix лого
4на продажба сега
4продадени склопови
24чстрес тест на секој склоп
24мес.гаранција на нов склоп

Работилница

Наши склопови

Секој склоп го фотографираме во работилницата. Кликнете на компјутер за сите слики, делови и резултатот од тестот.

iFix Tested

Што значи ознаката

Секој склоп минува низ истите четири чекори пред да го објавиме. Резултатот од тестот стои кај секој компјутер.

  1. 01

    Склопување

    Проверени делови, уредно водени кабли, ажуриран BIOS и драјвери.

  2. 02

    Стрес тест 24 часа

    Процесорот и графичката работат цел ден под полно оптоварување.

  3. 03

    Температури и стабилност

    Ги мериме максималните температури. Ако нешто прегрева или паѓа, го поправаме и тестираме пак.

  4. 04

    Слики и објава

    Го фотографираме и го ставаме на сајтот со сите делови и резултатот од тестот.

Тест извештај ·
CPU °CGPU °C
Времетраење
24:00:00
CPU макс.
GPU макс.
Резултат
Поминат

Графикот е пример. Кај секој склоп стојат температурите измерени на неговиот тест.

Сервис

Поправка на компјутери и лаптопи

Дијагностиката е бесплатна ако ја направиме поправката. Цената ја знаете пред да почнеме.

Дијагностика

Го наоѓаме проблемот и ви кажуваме цена пред да почнеме со работа.

бесплатно при поправка

Чистење и термална паста

Прегревање, бучни вентилатори, исклучување при игри.

од 1.200 ден.

Екран, тастатура, батерија

Замена на делови за лаптопи. Оригинални и компатибилни.

од 2.500 ден.

Надградба

SSD, RAM, графичка. Стариот компјутер повторно брз.

од 800 ден. + дел

Windows и податоци

Реинсталација, вируси, спасување податоци од оштетен диск.

од 1.000 ден.

Матична плоча

Микролемење, конектор за полнење, замена на чипови.

по проценка
Донесете го уредотбез закажување
Дијагностикаго наоѓаме проблемот
Цена и рокви јавуваме пред поправка
Готовосо гаранција на делот

СервисирамеLenovoHPDellAsusAcerMSIApple MacBookи компјутери од секакви делови

Без онлајн продажба.Компјутерите се гледаат, пробуваат и купуваат во продавница. Со повик или порака може да резервирате склоп.

По мерка

Кажете ни што ви треба

Одберете намена и буџет, а ние ќе предложиме конфигурација. Пораката се составува сама. Пратете ја на WhatsApp или Viber.

Намена
Порака
Прати на WhatsApp

Прашања

Често прашуваат

Може ли да купам компјутер преку сајтот?

Не. Сајтот е за да видите што имаме. Компјутерите се купуваат во продавница, каде може да ги видите и пробате. Со повик или порака може да резервирате склоп додека дојдете.

Што значи iFix Tested?

Склопот работел 24 часа под полно оптоварување на процесорот и графичката, без грешки и без прегревање. Максималните температури ги запишуваме и ги објавуваме кај секој склоп.

Каква гаранција добивам?

На нов склоп добивате 24 месеци гаранција. Кај поправките, гаранцијата важи за заменетиот дел.

Колку трае поправка?

Чистење, термална паста и надградби обично се готови истиот или следниот ден. Ако чекаме делови, рокот ви го кажуваме при дијагностиката.

Дали склопувате по мерка?

Да. Кажете ни намена и буџет преку формата погоре или јавете се, и ќе ви предложиме конфигурација со цена.

iFix лого

Контакт

Дојдете во работилницата

075 446 715

Сакате некој од склоповите или компјутер по мерка? Јавете се или пратете порака.

Пораки
Viber · WhatsApp
Работно
Пон–Пет 09:00–19:00 · Саб 10:00–15:00
Јави се · 075 446 715 Viber